МВР: Пријавување на оружје во случај на смрт на неговите сопственици

МВР: Пријавување на оружје во случај на смрт на неговите сопственици

Информација од Министерството за внатрешни работи

Во случај на смрт на сопственикот на оружјето, членовите на неговото семејство и другите лица кои со него живееле во исто семејно домаќинство се должни во рок од 30 дена од смртта на лицето да го предадат оружјето и муницијата на надлежниот орган или најблиската полициска станица, за што се издава потврда.

Лицето кое наследило оружје може во рок од два месеца по завршување на оставинската постапка да поднесе барање за издавање на дозвола за оружјето или оружјето да го оттуѓи согласно членот 35 на овој закон односно: „Оружје може да се продаде само на лица кои поседуваат одобрение за набавување на оружје, издадено согласно со овој закон, односно на правно лице овластено да врши промет со оружје, делови за оружје и муниција“ . Физичките лица кои купиле оружје се должни во рок од осум дена од денот на склучувањето на договорот за купопродажба, да го достави купеното оружје заради пробни испукувања на проектили до надлежниот орган.

Кога барањето од ставот 2 на овој член нема да биде поднесено во предвидениот рок, или кога барањето е одбиено, оружјето и муницијата се одземаат и со нив се постапува согласно членот 44 на овој закон, а кога оставителот нема наследници, се постапува според членот 45 на овој закон.

Судот надлежен за расправање на оставината го известува надлежниот орган за секое решение со кое се наследува оружје.  Со парична казна до 250 евра или со казна затвор до 60 дена ќе се казни за прекршок физичко лице кое по смртта на сопственикот на оружјето, во пропишаниот рок нема да го предаде оружјето  и муницијата (член 39 став 1).

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …