Гори Универзална сала пожар

МВР: Тројца градежни работници приведени за пожарот во Универзална сала

Во целата околина на салата е прекинато снабдувањето со струја

Во полициската станица Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53), информира Министерството за внатрешни работи (МВР) на својот Фејсбук профил.

„По пријавата околу 09:45 зa пожар во Универзалната сала, на лице место се упатија полициски службеници и припадници на Бригадата за противпожарна заштита, кои околу 11:30 часот го изгаснале пожарот. Со возило на Итна медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад“, информира МВР.

Во целата околина на салата е прекинато снабдувањето со струја.

„На улицата „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имаше заглавени две жени, кои беа извлечени од страна на единицата за интервентна полиција“, се додава во соопштението на МВР.

Од Центарот за управување со кризи Скопје известуват дека било интервенирано со 10 противпожарни возила и 24 пожарникари, а на лице место се уште 2 противпожарни возила.

Материјалната штета не е утврдена.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …