вакцина

МЗ: 98 отсто од хоспитализираните пациенти во моментов се невакцинирани

Вкупно 64.963 граѓани биле регистрирани како позитивни на Ковид-19 во периодот од 6 август до 16 декември. Од нив, 67 отсто, односно 44.069 лица не биле вакцинирани, покажува анализата на Министерството за здравство за овој период. Целосно вакцинирани биле 20.894 или 32 отсто од позитивните случаи на Ковид-19. За вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози, при што поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза вакцина.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98 отсто, додека само 2 проценти од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, соопштија од Министерството.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во периодот од 6 август до 16 декември во земјава починале 2.272 лица од Ковид-19, од кои 1.790 пациенти не биле вакцинирани, а само 21 отсто примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, но имало и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Од Министерството за здравство апелираат граѓаните да се вакцинираат со цел да се спречи ширењето на новите мутирани варијанти на Ковид-19.

„Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, велат од Министерството за здравство.

Прочитајте повеќе

Ковачевски се повлекува од претседателската функција во СДСМ, побара свикување Конгрес и организирање внатрепартиски избори (фото)

Ковачевски се повлекува од претседателската функција во СДСМ, побара свикување Конгрес и организирање внатрепартиски избори (фото)

На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, претседателот Димитар Ковачевски го потврди повлекувањето од …