МЗ: Две нови комисии за туѓа нега за првпат формирани за Прилеп, Гевгелија и oколните општини

МЗ: Две нови комисии за туѓа нега за првпат формирани за Прилеп, Гевгелија и oколните општини

Министерството за здравство ја информира јавноста дека за првпат формирани се две нови Комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост), за граѓаните на Прилеп, Гевгелија и околните општини.

„Покрај постоечките комисии, во државата, новоформираните ќе одговорат на потребите на пациентите од овие два града, како и околните општини. Комисијата за издавање конзилијарно мислење и наод, освен во Прилеп, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Комисијата во Гевгелија освен оваа општина ќе ги опфати и општините Богданци, Валандово и Дојран. Со формирањето на двете нови Комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат,“ се вели во соопштението.

Изминатиов период Министерството за здравство ги зголеми термините за разгледување на медицинската документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.

Од таму додаваат дека со новите Комисии и зголемување на термините ќе бидат задоволени потребите и навреме ќе бидат разгледани сите поднесени барања на граѓаните.

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …