МЗШВ

МЗШВ: Ги поддржуваме младите – Започнуваме со авансна исплата од 40% на грантот за млад земјоделец

Преку програмата за финансиска поддршка на руралниот развој министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нуди мерки со кои ги поддржува младите земјоделци, и тоа преку мерката 112, помош за млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност, каде се доделува грант во висина од 10.000 евра и мерката 113, поддршка за поттикнување на земјоделското производство, со грант од 20.000 евра.

Мерките кои МЗШВ ги креира за младите земјоделци даваат ефект и се повеќе млади лица активно да се вклучуваат во земјоделскиот сектор. Изминативе пет години повеќе од 1000 млади лица аплицирале и ги искористиле мерките за поддршка на млад земјоделец.

Големиот интерес кај младите беше мотив како министерство да предложиме законски измени на законот за земјоделство и рурален развој со кој овозможуваме услови за започнување со авансна исплата на финасиската поддршка за млад земјоделец. Па така со оваа измена младите земјоделци ќе можат авасно да добијат 40% од вкупната вредност на грантот за поддршка за млад земјоделец.

На овој начин, како министерство, директно им помагаме на младите земјоделци побрзо да започнат со земјоделската дејност, но и со реализација на планираните инвестиции, дополнително со оваа нова можност ги мотивираме младите уште поактивно да се вклучат во земјоделскиот сектор.

МЗШВ посветено и одговорно креира мерки за поддршка на секој еден земјоделец. Ги слушаме предлозите на земјоделците и заеднички работиме во развој и унапредување на македонското земјоделство.

 

Прочитајте повеќе

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

На двојните избори само еднаш ќе може да се дојде на гласање

ДИК донесе упатство со кое на граѓаните им се укажува дека ако се одлучат да …