На конкурсот на МВР за 600 полициски службеници се пријавиле 2.964 кандидати

На објавениот конкурс на Министерството за внатрешни работи на крајот на декември 2020, за вработување на 600 полициски службеници, се пријавиле 2.964 кандидати, од кои 2.365 се мажи. Поради големиот интерес, ќе се зголеми бројката на вработените за 10 отсто, односно ќе се вработат 660 лица. Тоа го соопшти министерот Оливер Спасовски, при денешната посета на Центарот за обука во Идризово, каде веќе трае процесот на фазна селекција на пријавените кандидати.

„Во дадениот конкурсен рок за пријавување, се пријавија вкупно 2.964 кандидати, бројката е далеку поголема од претходниот јавен оглас, кога имавме вкупно 2.391 пријавен. Тоа говори за интересот кај младата популација за полициската професија,  и за позитивниот имиџ што нашето министерство го има меѓу оваа категорија граѓани“, рече Спасовски.

Тој додаде дека, идните полициски приправници ќе поминат прво физички, а потоа и психолошки проверки, па проверки на знаењата и безбедносни и здравствени контроли, со почитување на здравствените протоколи. До крајот на месец март, односно почетокот на април, веќе ќе биде заокружен селективниот процес, со бодовно рангирање на сите кандидати.

По тоа ќе следи избор, согласно Законот за внатрешни работи, на 660 кандидати, односно за 10 проценти повеќе од предвидената бројка на барани извршители. Тие ќе бидат упатени на едногодишна, основна обука за полицаец. Теоретската и практичната едукација ќе биде во три модули од по четири месеци, а преку рангирање ќе бидат избрани идните полициски службеници за позицијата приправник-полицаец за период од најмалку пет години.

Извор:Мета

Прочитајте повеќе

Одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Во рамки на одбележувањето на овој ден, во Институтот за македонски јазик ќе бидат презентирани …