Средба Димитров - Браун

Средба Димитров – Браун

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес имаше средба со новиот претставник на фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун.

„Континуираната поддршка од Фондацијата „Конрад Аденауер” за евроинтеграциските процеси, која вклучува и промовирање на политички дијалог и развојот на граѓанското општество трае веќе 2 децении, а за успешната соработка сведочат бројните проекти зад нас кои се реализирани токму со поддршка од Фондацијата”, истакна вицепремиерот Димитров на средбата.

Во таа насока дискутираа за можностите за надградување и унапредување на активностите и проектите, како и за нивно подобро таргетирање за поддршка на приоритетните реформските процеси. Од страна на г-динот Браун беше потврден интересот на Фондацијата „Конрад Аденауер” за продолжување на успешната соработка и нејзино интензивирање во контекст на европските приоритети на Северна Македонија.

Вицепремиерот Димитров на новиот претставник на Фондацијата во земјава, Браун му посака успешна работа во претстојниот период за време на извршување на неговата функција во земјава.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …