На почетокот на октомври ќе стартува 55 театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

На почетокот на октомври ќе стартува 55 театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

Собранието на МТФ „Војдан Чернодрински“ на седницата одржана на 15.07.2021 година, одлучи 55 издание на МТФ да се одржи  на почетокот на месец октомври 2021.

Со претстава по свој избор, на Фестивалот ќе можат да учествуваат сите професионални театри, кои се членови на Собранието. Имено, театрите до 30 август треба да го пријават своето учество со наслов на претставата со која планираат да настапат на Фестивалот.

Донесена е одлука претстави од типот монодрама и дуодрама да не се пријавуваат за учество во официјалната програма.

Со оглед на состојбата со пандемијата и со финансиите, во придружната програма учество ќе имаат само дипломските претстави од ФДУ и ЕСРА. Нема да имаат можност да бидат селектирани претстави кои се од независната продукција, или ад хок групи, како за во официјалната така и за придружната програма.

Добитниците на наградата за животно дело ќе бидат познати во почетокот на септември, кога ќе биде објавена и официјалната програма за 55 МТФ „Војдан Чернодрински“.

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …