На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, СДСМ им подели примероци од Договорот за Фронтекс

На пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, СДСМ им подели примероци од Договорот за Фронтекс

На денешната седница за пратенички прашања, пратениците на СДСМ им поделија печатени примероци од Договорот со ЕУ за Фронтекс, на пратниците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, потпишан на македонски јазик, без фусноти и додавки и побараа да им се извинат на граѓаните и пратениците.

  • Јас мислев дека се јавивте за повикот да им се извините и на граѓаните и на пратениците за сите лаги кои ги пласиравте, посебно за преговарачката рамка. Еве ги заклучоците кои ги гласаше ова Собрание, односно парламентарно мнозинство на СДСМ а од кои ВМРО-ДПМНЕ избега, свиреше и урлаше. Во овие заклучоци е и овој Договор за Фронтекс, потпишан од Владата на чист македонски јазик, без додавки, без придавки, без фусности, на официјален македонски јазик.
  • Бидејќи вистината е најсилниот лек против лагата, денеска на сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе им поделиме по еден примерок од договорот со Фронтекс на чист македонски јазик, без додавки и придавки. Рамноправен македонски јазик со сите 24 јазици на ЕУ. Нека прочитаат и нека видат, како гордо звучи македонски јазик во ЕУ. Да видат дека со лаги и манипулации не се води политика. Да видат дека не се дел од државничката одлука и дека треба да се засрамат и да се извинат на граѓаните. Конечно да се приклучат на европскиот пат. Станавме дел од НАТО како Македонци со македонски јазик, како Македонци со македонски јазик ќе станеме и дел од ЕУ, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …