На тематска седница Владата ја разгледа информацијата за реформата на јавната администрација

На тематска седница Владата ја разгледа информацијата за реформата на јавната администрација

Владата на Република Северна Македонија синоќа ја одржа 84 редовна седница, која беше посветена на статусот на реализација на активностите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 на предлог на Министерството за информатичко општество и администрација.

На седницата беше разгледана анализата за хоризонталната функционална поставеност на министерствата и институциите која ја подготвија проектните експерти спроведена во рамките на двегодишниот ИПА проект „Поддршка кон државната реорганизација“, финансиран од Европската Унија.

Структурираните оценки и мислењата во врска со анализата, која предвидува рационализација на бројот на институциите во државната управа, како и предлози за нивна поголема ефикасност, ќе бидат презентирани пред Советот за реформи на јавната администрација кој пак на Владата ќе ѝ ја предложи конечната верзија за реорганизацијата на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби, како една од најважните активности во процесот на пристапување во Европската Унија.

На оваа седница Владата ја усвои и Информација за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Зад хоризонтот 21“ (Beyond Horizon 21), во Република Бугарија, на која покрај земјата домаќин ќе учествуваат и припадници на армиите на Романија и Грција.

Прочитајте повеќе

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?

Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да …