На три години од мандатот на Димитриевски, Општина Куманово конечно е со одблокирана сметка

На три години од мандатот на Димитриевски, Општина Куманово конечно е со одблокирана сметка

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во текот на вчерашниот ден одржа прес конференција, на која беа презентирани активностите и проектите реализирани во изминатата година, а по повод тригодишниот мандат како Градоначалник на општина Куманово.

Градоначалникот Димитриевски ја информираше јавноста дека после 8 години финансиска блокада, општината е конечно со одблокирана сметка. Куманово конечно е општина без долгови. Со транспарентно и одговорно менаџирање со средствата, како и дополнителна помош од Владата на Република Северна Македонија, успеавме за изминатиот период да ги вратиме долговите и да ја направиме општината подготвена за нови инвестиции, изјави тој.

Во текот на измината година општина Куманово направи сериозни вложувања во инфраструктурата и образованието, урбанизација и грижа за потребите на граѓаните.

И покрај Ковид-19 кризата и одлевањето на големи средства за таа намена, локалната власт сама и со поддршка на државата успеа да реализира повеќе инфраструктурни проекти, како кружен тек, патишта, паркинг простор, спортски игралишта, спортска сала, асфалтирање и тампонирање на улици и изградба на водоводна мрежа и фекална и атмосферска канализација.

Ветивме Куманово кое обезбедува достојни услови за живот, и ги исполнуваме нашите ветувања. Изграден е локален патен правец за поврзувања од с. Доброшане до Биљановце во должина од 2,04 километри. Асфалтирани се повеќе улици во различни населби од градот во вкупна должина од 27 километри и тампонирање на повеќе од 39 километри локален патен правец.

Општина Куманово особено се посвети на обезбедување безбедни и современи услови за учениците во општинските училишта, при што се реализираа многу проекти од областа на образованието. Новата училишна спортска сала на ОСТУ Наце Буѓони во Куманово е комплетно опремена со современи реквизити за кошарка, фудбал, одбојка, ракомет и гимнастика. Извршена е реконструкција на тоалети и изградба на нови тоалети адаптирани за лица со попреченост во СОУ Гимназија “Гоце Делчев”. Извршена е замена на подови, реновирање и реконструкција на училници во главната училишна зграда на СОУ Перо Наков, ООУ “Крсте Мисирков”, ООУ Христијан Карпош, како и реконструкција на кров и фасада во повеќе училишта во општината.

Градоначалникот Димитриевски најави дека ќе продолжат да работат со забрзано темпо и во последната година од неговиот мандат, остварувајќи ги предизборните ветувања со кои ја доби довербата од граѓаните, а со што повторно ќе ја побара поддршката од своите сограѓани за втор мандат како градоначалник на Куманово.
Општина Куманово ќе продолжи да се развива во насока на создавање современа, развиена европска општина, со висок стандард на урбано живеење и со подобри услови за сите граѓани. За мое, твое, наше Куманово. За Куманово какво што го сакаме.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …