Најмалку 36 загинати во невреме и од громови во северна Индија

Најмалку 36 загинати во невреме и од громови во северна Индија

Најмалку 36 луѓе загинаа во невремето во северна Индија во изминатите 24 часа, меѓу кои и 12 луѓе кои ги удри гром, соопштија денеска тамошните власти и предупредија дека се очекуваат уште силни дождови во наредните денови.

Во северната држава Утар Прадеш настрадале 24 лица, кога нивните домови се урнале поради непрекинатите дождови, рече комесарот за помош Ранвир Прасад.

Според властите, 39 лица во изминатите пет дена настрадале од удар на гром, поради што надлежните издадоа нови упатства за заштита на луѓето во време на бура.

Ударите на гром се чести во сезоната на монсуни, која трае од јуни до септември.

Експертите посочуваат дека сечењето на шумите, губењето на водни површини и загадувањето придонесуваат за промена на климата, што доведува до поголеми грмотевици.

Директорката на Центарот за наука и животна средина Сунита Нараин рече дека глобалното затоплување ја зголемува зачестеноста на громовите. Зголемувањето на температурата за еден целзиусов степен ја зголемува зачестеноста на ударите на гром за 12 пати.

Во изминатата година во Индија за 34 отсто е зголемен бројот на удари на гром, а тоа влијаеше и на пораст на бројот на настрадани.

Во 2016 година имало 1489 загинати од удар на гром во Индија, а во 2021 година, тој број порасна на 2869 загинати.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Сирија: Падот на Асад - помалку тензии на Блискиот Исток?

Сирија: Падот на Асад – помалку тензии на Блискиот Исток?

Додека Сиријците ширум светот го слават падот на режимот на Башар ал Асад, експертите анализираат …