Најмалку 63 лица загинаа, 182 се повредени во напад на бомбаш самоубиец во Кабул (видео)

На свадба во Кабул на која биле поканети околу 1.200 лица, бомбаш самоубиец активирал експлозив при што загинале најмалку 63 лица а 182 биле ранети, изјави портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи. Меѓу жртвите има и деца и жени.

Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел од Кабул, во шиитски кварт. Талибанците го осудија нападот и негираат вмешаност во него.

Прочитајте повеќе

белогорд

Вооружена група го нападна рускиот пограничен регион Белгород, Украина отфрла одговорност

Вооружена група преминала од Украина во рускиот регион Белгород, каде во судири биле повредени голем …