Мицкоски

Наместо осуда и барање за оставка на Милошоски за скандалот „Кражба“, Мицкоски застана на страната на криминалот

Соопштение за јавност

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и белиот дворец се симбол на криминал, корупција и расипништво.

Тоа се покажа и по последниот скандал „Кражба“ во кој нивниот пратеник Антонијо Милошоски, според јавно достапни документи, бил осудуван и казнет за кривични дела „кражба“ и „фалсификување“ во Германија.

Наместо осуда и барање за оставка, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застана зад Милошоски.

Тоа што Мицкоски го покрива Милошоски говори дека и тој е на страната на лагата, срамот и криминалот.

Граѓаните не заслужуваат во Собранието да ги претставува пратеник, осуден за кражба, злоупотреба и измама.

Особено што против Милошоски и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.

Милошоски за скандалот „Кражба“ и за срамниот однос кон граѓаните и државата треба да се извини и да поднесе оставка.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да успеат да ги спасат криминалците во своите редови, правда и одговорност ќе има.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …