Хрватска и Словенија делумно ги олеснуваат епидемиолошките мерки, Бугарија ќе чека до 1 март

Хрватска и Словенија денеска ги олабавуваат строгите епидемиолошки мерки изречени поради влошувањето на состојбата и зголемување на бројот на новозаразени со корона вирусот.

Во Хрватска од денеска на угостителите им се овозможува продажба на храна и разни пијалоци за носење, се отвораат фитнес центрите и теретаните, како и детските  игротеки и работилници, како и на училиштата за странски јазици. Сите овие дејности и објекти мора строго да се придржуваат до строгите заштитни мерки. Лицата што ќе преземаат храна или пијалоци од угостителски објекти не смее да се задржуваат пред објектите или на терасите, а при чекањето ред мора да бидат со заштитни маски и да одржуваат растојание од два метри.

Освен угостителските објекти, ќе почнат повторно да работат обложувалниците, казината и автомат-казината, кои не смее да пружаат угостителски услуги, и мора да затвораат во 22 часот.

Новите олеснети мерки во Хрватска ќе бидат на сила до крајот на месецот.

Во Словенија, вчерашните бројки покажаа за третина помалку нови случаи отколку седум дена претходно, па од денеска повторно е дозволено движење надвор од границите на општината на живеење, но полицискиот час од 21 часот до 6 часот останува на сила.

Во четвртокот Словенија прогласи „портокалова фаза“ на епидемијата, со која беше дозволено отворање на сите продавници до површина од 400 квадратни метри, а најголемиот број лица што може да бидат истовремено во објектот од шест беше зголемен на 10. Услов за продавниците да отворат е персоналот да има негативен тест за коронавирус и вработените да се тестираат еднаш седмично.

Доколку се задржи трендот на опаѓање на бројките на новозаразени, односно седумдневниот просек за нови случаи во текот на еден ден биде под 600, Словенија на почетокот на идниот месец би можела да влезе во „жолта“ фаза на епидемија, со дополнително попуштање на против-епидемиските мерки.

Во Бугарија најновите бројки, оние од вчера вечер, покажуваат 163 нови случаи, што е 343 помалку од претходниот ден, а во земјата сега има 21.039 активни случаи, при што 3.245 од нив се хоспитализирани. Вкупната бројка на починати е 9.624, а бројката на вакцинирани 54.690 луѓе.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера најави дека од 1 март ќе бидат отворени угостителските објекти за прием на гости, а од денеска се дозволува учениците од сите паралелки во малите населени места да учат со физичко присуство, додека во големите градови останува ротацијата на паралелките на една седмица.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …