Во ковид центрите низ земјава се лекуваат 592 пациенти, има 470 слободни кревети

Во ковид центрите низ земјава се лекуваат 592 пациенти, има 470 слободни кревети

Денешните податоци на Министерството за здравство покажуваат дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 592 и има околу 470 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од вкупниот број хоспитализирани пациенти, 349 се лекуваат во ковид центрите во болниците низ земјава. Додека пак, на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 243 лица сомнителни и потврдени за корона вирус.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 3, во Кичево 8, Кавадарци 39, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 10 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. На интерните клиники имало 4 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“ велат од Министерството за здравство, од каде посочуваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 4 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле има 18 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …