Напад врз кампот Џабалија во Газа, загинале 90 Палестинци

Напад врз кампот Џабалија во Газа, загинале 90 Палестинци

Во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа, загинаа 90 Палестинци, соопшти синоќа Министерството за здравство во Газа.

На објавени видеа на Интернет, како што велат оттаму, се гледа последицата од најновиот израелски напад, Палестинците копаат низ урнатините со раце и лопати во потрага по преживеани, јавува Би-Би-Си.

По еден од израелските напади врз овој камп минатиот месец, Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека „има сериозна загриженост дека станува збор за непропорционални напади кои би можеле да претставуваат воени злосторства“.

Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас, израелските сили неколку пати го нападнаа бегалскиот камп Џабалија.

Прочитајте повеќе

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

САД: Уапсени двајца водачи на картелот Синалоа

Картелот Синалоа се смета за една од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога …