Нападнат аеродромот во Ивано-Франковск, истрелани проектили кон Меѓународниот центар за мир и безбедност во Лавов

Нападнат аеродромот во Ивано-Франковск, истрелани проектили кон Меѓународниот центар за мир и безбедност во Лавов

Инфраструктурата на аеродромот во Ивано-Франковск е речиси уништена како резултат на руското гранатирање. Утрово бил започнат третиот напад на аеродромот, објави на Фејсбук градоначалникот на Ивано-Франковск, Руслам Марцинкив, јавува „Укинформ“.

Засега нема информации за жртви.

Украинската државна новинска агенција јави и дека руските напаѓачи извршиле воздушен напад врз Меѓународниот центар за мир и безбедност во регионот Лавов. Оваа информација ја соопштила Регионалната воена и цивилна управа на Лавов на Телеграм, информирајќи дека според прелиминарните податоци, лансирани се осум проектили.

Станува збор за воен центар за обука и база лоцирана западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри. Тој е еден од најголемите воени центри во западниот дел на земјата, каде Украина ги одржува повеќето од своите вежби со земјите членки на НАТО.

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …