Првата трансплантација на срце во земјава беше изрвршена во мај 2020 година во Државната кардиохирургија, а ја изврши тим доктори предводени од д-р Сашко Јовев
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава. Тој кажа дека благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеало да собере храброст и да се одлучи да спаси тројца пациенти кои добиле здрави органи и шанса за нов живот.
„Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата. Горд сум на медицинскиот кадар“, рече министерот Меџити.
Првата трансплантација на срце во земјава беше изрвршена во мај 2020 година во Државната кардиохирургија. Трансплантацијата ја извршија д-р Сашко Јовев, д-р Жан Митрев, а во тимот беа д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски и други.