Наспроти лагите на ДПМНЕ, туризмот во Крушево бележи нагорен тренд

Наспроти лагите на ДПМНЕ, туризмот во Крушево бележи нагорен тренд

Пишува: Сотир Габелоски

Крушево туристички продолжува да расте. Претстои уште многу работа, но актуелните текови најавуваат светла иднина за туризмот во Крушево.

После големиот раст во бројот на ноќевања во 2018 година, односно 50 отсто зголемување во споредба со 2017, растот продолжува и во 2019. Сето ова како факт во однос на лажните тврдења на крушевската ДПМНЕ, дека последното лето и покрај 16.Светско првенство во параглајдинг, во Крушево немало туристи.

Сепак, наспроти овие лажни или со аргументи напоткрепени информации, статистиката кажува нешто друго. Според Државниот завод за статистика, бројот на туристи во месеците јуни, јули и август во 2019 година се зголемил за 13%, во споредба со истиот период во 2018 година. Значи, растот постои и летниот период, додека пак растот по квартали во останатите делови од сезоната достигнува и до 35%. Сето тоа покажува дека заложбите на Општина Крушево за продолжување на туристичката, сезона даваат резултат.

Покрај овој податок, во предвид треба да се земе уште нешто: во летото 2018 во Крушево се одржаа двојно повеќе меѓународни натпревари во параглајдерство од летото 2019, но сепак минатата година бројот на туристи продолжи да оди нагоре. Ова е уште еден силен аргумент дека крушевскиот туризам не зависи само од спортските натпревари во параглајдерство и змејарство.

Општинскиот комитет на ДПМНЕ од Крушево, имаше период од 8 и пол години, како локална власт, да покаже резултати по однос на развојот на туризмот. Не само што не презедоа, туку во нивно време посетеноста на градот забележува вртоглав пад. По тоа прашање, бројките се најмеродавниот показател: ако во 2011 година Крушево го посетиле околу 43.000 туристи, во 2016 година таа бројка паднала на фрапантни 16.000.

Штетите кои ДПМНЕ ги предизвика во периодот на своето владеење се видливи во многу сектори, меѓу другото и во туризмот. Од тие причини, лицемерно и дегутантно е, партијата која предизвика целосен крах во оваа сфера, да зборува и да клевети за инвестициите и постигнувањата на актуелната локална власт во оваа гранка. Оти, како што рекле, пред фактите молчат и боговите.

Прочитајте повеќе

СДСМ најавува закон: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство!

СДСМ најавува закон: Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство!

СДСМ најавува иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов, премиер, вицепремиери, …