Навални се наоѓа во затвор на Арктикот

Навални се наоѓа во затвор на Арктикот

Затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални е во затвор во регион во северна Русија, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш на 25 декември. Таа изјави и дека неговиот адвокат успеал да го види.

„Го најдовме Алексеј Навални. Тој сега е во ИК-3 во населбата Харп во автономниот округ Јамало-Ненец. Неговиот адвокат го посети денеска. Алексеј е добро“, објави Кира Јармиш на платформата „X“.

Оддалечената казнена колонија е околу 1.900 километри од Москва. Неговите соработници на 18 декември известија дека 13 дена никој не слушнал со Навални.

Четириесет и седумгодишниот Навални беше затворен во 2021 година, откако доброволно се вратил од Германија, каде што бил лекуван од, како што покажуваат западните лабораториски тестови, обид за труење со нервен агенс.

Навални рече дека бил отруен во Сибир во август 2020 година. Кремљ негираше дека стои зад обидот за убиство на Навални и вели дека нема докази дека бил отруен со нервен агенс.

Казната му беше продолжена на 19 години оваа година поради обвинение за екстремизам.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Предлог-буџетот за 2025 пред пратениците на 10 декември

Расправата за Предлог-буџетот за 2025 година ќе почне на седницата која е закажана за 10 …