Наводни грчки хакери ја преземаа веб-страницата на МОН

Наводни грчки хакери ја преземаа веб-страницата на МОН

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) од синоќа е под хакерски напад. Неколку часа на сајтот на ова министерство стоеше пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“ (HACKED BY GREEK HACKING TEAM NETWATCHERS).

Поради нападот не се отвораше ниту една потстраница на овој сајт, додека сите објавени линкови водеа кон Јутјуб видео со наслов „Познатата Македонија“ (Famous Macedonia).

Мета.мк неодамна во неколку наврати пишуваше за паѓањето на веб-страницата на МОН, за што упативме и прашања до оваа институција, од каде ниту еднаш не добивме објаснување за причините поради кои сајтот не фунцкионираше.

Прочитајте повеќе

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утринава се пријавил кај македонските власти по што …