Не работевме против референдумот, го демантираат Коѕиас двете крила на БЕСА

Не работевме против референдумот, го демантираат Коѕиас двете крила на БЕСА

И двете крила на движењето Беса реагираа на изјавата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас дека движењето БЕСА водело кампања против референдумот, порачувајќи дека тоа не е точно, јави „Порталб“.

– Помалите албански партии, како партијата БЕСА, за која турскиот печат вели дека е финансирана од Турција, повика на бојкот на референдумот. Нашите граѓани треба да се запрашаат дали тоа е поврзан со црни сценарија од Турција – рече Коѕиас во интервјуто за грчката државна телевизија ЕРТ.

– Во овој момент нема да се спуштиме на тоа ниво на комуникација со првиот човек на грчката дипломатија. Бројот на Албанците што излегоа на референдумот е точно или приближно колку на парламентарните избори, па сметаме дека Коѕиас е дезинформиран во врска со движењето БЕСА и неговата вистинска вклученост во референдумската кампања – вели за „Порталб“ Елмедин Мемиши, портпарол на крилото на БЕСА предводено од Биљал Касами.

Другото крило, предводено од Африм Гаши, исто така реагира на изјавата на Коѕиас, посочувајќи дека ги вклучиле сите капацитети во поддршка на референдумот. Дополнително, ќе испратат и протестна нота до грчката Канцеларија за врски во Скопје.

– Покрај тоа што е ова недостојно за еден министер за надворешни работи – бидејќи движењето БЕСА, како партија од владината коалиција ги вклучи сите капацитети за поддршка на референдумот во сите области каде има освоено гласови, а референдумот надмина 50%, несериозноста на грчката дипломатија да гради дипломатски ставови врз основа на медиумски шпекулации и оцрнување на домашните политички опоненти во Македонија, Движењето БЕСА денеска ќе испрати протестна нота до грчката амбасада во Скопје и ќе побара министерот Коѕиас да се извини или да приложи докази за кои би ја поткрепиле неговата изјава. Ако се зборува за бројките, треба да се запрашаме какво странско влијание имаше во Кичево и Струга, каде БЕСА нема стабилно гласачко тело – велат од крилото на Гаши.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

уставен суд

Балансерот укинат, доаѓа нов Закон за правична застапеност

Претседателот на Уставен Дарко Костадиновски кажа дека балансерот како алатка е исцрпена и оти ги …