„Немаме потреба од одбрана туку од мудрост“ – Заврши манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

„Немаме потреба од одбрана туку од мудрост“ – Заврши манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“

Вчера вечер се одржа завршниот настан од манифестацијата за чествувањето на Блаже Конески во годината што е стогодишнина од неговото раѓање.

„Блаже Конески, тој тивок и кроток човек, добиваше строг лик со кој до крај го
бранеше секој збор, секоја буква од македонската азбука. Зашто одбраната на посебноста на македонскиот јазик за Конески е света работа и должност: „не е тоа јазик создаван под никаков диктат… и на тие што удирајќи против нашиот јазик лицемерно тврдат дека не работат против нашата нација, ние ќе им одговориме дека прават нешто повеќе: посегаат во светаја светих на македонскиот народ.“ На еден од тие циклични напади еднакви на опсесија, Конески одговара: „На тие што од високо би сакале да погледаат на нашиот јазик, можеме да им речеме само: Ваша работа!“, рече во своето обраќање министерката за култура Ирена Стефоска.

Стефоска ги цитираше зборовите на лингвистот Трајко Стаматоски, велејќи
дека Конески во толкувањето на фактите настојуваше да биде и да остане непристрасен, се залагаше да завладее на пошироките балкански простори поинаков
дух во поимањето на работите. Тој оформи национален, а не националистички пристап во проучувањата.

Ние имавме татковина и кога немавме држава. Зашто, како што вели Конески: „Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“ – Се вели во текстот на Трајко Стаматоски.

„Минатата година беше стогодишнина од раѓањето на Славко Јаневски, оваа – 100 години од Блаже Конески, а во 2023 –  еден век од раѓањето на Ацо Шопов. Сите тројца, основачи на Македонската  академија  на науките и уметностите и сите тројца со мисија да ни остават  силен  македонски збор и како благослов и како аманет. Зашто мајчиниот јазик на човека му е и првата и последната  мисла“, заврши министерката за култура.

„Немаме потреба од одбрана туку од мудрост“ – Заврши манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“
Фото: Министерство за култура

На свечениот настан беа присутни и покровителот на Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, Стево Пендаровски, министерката за образование и наука, Мила Царовска, Оркестарот на Филхармонијата, баритонот Горан Начевски, маестро Дијана Имери Илкоска изведоа дела на двајца великани на македонската современа музика – Томислав Зографски и Тодор Скаловски, во оркестрација на Ангел Спироски. Беше претставена и изложбата на илустрации пристигнати на конкурсот објавен од Факултетот за ликовни уметности за изработка на јубилејната книга „Блаже Конески – поезија и кратка проза“, во издание на Струшките вечери на поезијата.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

Ковачевски: Не се откажуваме, заедно со граѓаните ќе обезбедиме сигурна и просперитетна европска Македонија

„СДСМ е единствената политичка сила која има моќ, знаење, упорност и посветеност да ја внесе …