Приватните специјализанти ќе добиваат надомест од јануари

Приватните специјализанти ќе добиваат надомест од јануари

Приватните специјализанти кои започнаа со специјализација од септември 2021 година, дека месечниот надомест ќе почне да им се исплаќа од јануари 2022 година, информираат од Министерството за здравство.

– Освен тоа, ќе им се исплатат и заостанатите месечни надоместоци, односно од септември заклучно со крај на 2021 година. За првпат, почнувајќи од 2018 година, приватните специјализанти за својот труд земаат месечен надомест во висина од просечна плата на општ лекар. Претходно приватните специјализанти, за време на специјализацијата работеа без пари. Освен месечен надомест, од 2021 година, на приватните специјализанти им се плаќа здравствено осигурување и платени им се дежурствата – велат во МЗ.

Кон крајот на мај годинава, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека постигнал договор со приватните специјализанти.

„Платено здравствено осигурување и платени дежурства ќе добијат приватни специјализанти кои немаат други приходи, освен надоместокот кој го земаат за работење во клиниките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” и другите ЈЗУ каде се обавува специјализацијата. Остварив средба со нивните претставници и директорите на ФЗО и договоривме дека почнувајќи од јуни, а со исплата во јули, приватните специјализанти ќе добијат надомест за здравствено осигурување, откако претходно ќе пополнат изјава во ФЗО дека немаат други приходи освен надоместокот кој го добиваат од државата. Дополнително, ќе им се исплаќаат и надоместоци за дежурствата во нето износ од 1.800, 2.700 и 3.600 денари. Приватните специјализанти како учесници во давање здравствени услуги ќе добијат и 5 отсто бонус за борба против ковид 19. Секој месец приватните специјализанти примаат по 29.000 денари надомест, нешто што за прв пат започнавме да го исплаќаме во 2018“, објави тогаш министерот на Фејсбук.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Италијанските супермаркети „Конад“ влегуваат на македонскиот и црногорскиот пазар

Според анализите се очекува отворањето на супермаркетите „Конад“ да придонесе во отворање на нови работни …