СДСМ лого

Николовски и Мицкоски ги признаа сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ предводена од нивните ментори Груевски и Мијалков

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски и Александар Николовски ги признаа сите криминални злодела на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, меѓу кои и за случајот „Таргет – Тврдина“.

Мицкоски и Николовски, признаваат се, вклучително и тоа дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од нивните ментори Никола Груевски и Сашо Мијалков нелегално прислушувале и уништувале животи и кариери на неистомисленици.

Од друга страна и Николовски и Мицоски, процесите во судовите ги нарекуваат политички, а обвинетите жртви на политички прогон.

Бидејќи Мицкоски и Николовски ги признаа сите злодела, треба јавно да се извинат на граѓаните и да ги повикаат сите од белиот дворец, сегашни и минати функционери, на соочување со одговорност пред судовите.

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ: Тошковски да си го праша Мицкоски за тајната коалиција со ДУИ

Соопштение за јавност на СДСМ Го охрабруваме Тошковски да спроведува истраги и да поднесува кривични …