Нимиц: Подготвен сум да им помогнам на Македонија и Грција ако е потребно

Нимиц: Подготвен сум да им помогнам на Македонија и Грција ако е потребно

оговорот од Преспа е многу важен чекор за стабилноста на регионот и за односите меѓу Македонија и Грција, изјави специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, по средбата во Њујорк со алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос.

– Очигледно политичкиот процес во двете земи напредува, а јас како претставник на ОН останувам подготвен да помогнам. Ако на двете страни им е потребна моја помош, Обединетите нации се подготвени да помогнат – рече Нимиц.

Катругалос истакна дека на средбата со Нимиц ја повторил „посветеноста на Грција на духот и на содржината на Договорот од Преспа, со предусловот што се подразбира, дека оваа посветеност е заемна и за другата страна“.

– Разговаравме за напредокот и за одредени проблеми што се создадоа во изминатиот период и му се заблагодарив за важниот придонес што го направи досега за, се надевам конечно, решавање на ова прашање – рече Катругалос.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …