Нина Ангеловска избрана за нов министер за финансии

Нина Ангеловска избрана за нов министер за финансии

Пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, денеска ја избраа Нина Ангеловска за нов министер за финансии.

Заев од собраниската говорница изјави дека новата министерка за финансии со своите менаџерски способности дополнително ќе придонесе да се искористи „овој многу битен период за нас“, како и во „максимизирање на ефектите, пред се за граѓаните.“

На обвинувањата на ВМРО-ДПМЕ за лошата состојба во економијата, тој рече дека тоа се неточниу податоци со кои опозицијата се обидува да ги манипулираат граѓаните за финансиската состојба во државата. Тој рече дека буџетот е во одлична состојба, а солвентноста огромна.

Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј” – Економски факултет на Департментот Е-бизнис, како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94. Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …