ЈКП Водовод ВИК Прилеп

ЈКП „Водовод и канализација“: Со ставањето во функција на бунарите, стабилизирано водоснабдувањето во Прилеп

Соопштение на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп:

Во текот на денешниот ден, ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп ја стави во функиција бунарската станица „Кишовица Орушица“ и внесе дополнителни 60 литри вода во секунда во системот за водоснабдување на нашиот град.

Исто така, работниците на нашето комунално претпријатие континуирано се на терен и со манипулација на вентилите, како и штелување на регулаторите за притисок, вршат постојано пренасочување на водата со цел секое домаќинство да добие доволно количество на вода.

Во овој момент, состојбата со водоснабдувањето на општина Прилеп е стабилна и сите делови на градот добиваат задоволувачко количество на вода. Очекуваме ваквата стабилна состојба да се задржи во текот на наредните денови, а доколку има промена, навремено ќе ве информираме.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …