Ноќеска започнува летното сметање на времето

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Ноќеска во 2 часот после полноќ, започнува летното сметање на времето, кога стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час понапред, така што во 2 часот ќе покажуваат 3 часот. Летното сметање на времето завршува на 31 октомври, кога часовникот повторно ќе биде вратен еден час назад.

И покрај тоа што се очекуваше оваа година да се укине задолжителното поместување на часовникот во земјите на ЕУ, со што секоја членка требаше да има можност да избере дали ќе остане на летното или на зимското сметање на времето, сепак Советот на ЕУ сеуште нема донесено конечна одлука. Тоа знначи дека постои можност ова да не биде последното поместување на часовниците.

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …