Горива

Ноќеска бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Со новото зголемување, цената за литар дизел гориво ќе биде 73,5 денари

За половина денар поевтинуваат бензините, а дизел горивото, пак, поскапува за еден еднар од ноќеска, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новата одлука на РКЕ, цената на дизел горивото ќе изнесува 73,5 денари за литар, цената на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари за литар, а на Еуросупер 98, цената ќе биде 73,5 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло се зголемува за 1,5 денари за литар, па отсега цената ќе изнесува 73,5 денари за литар. Килограм мазут пак, од полноќ ќе изнесува 41,9 денари.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …