Мостар

Афера „Дипломи“ во Мостар: Сомнежи дека приватни универзитети издавале лажни дипломи

Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на судот на БиХосна и Херцеговина, а од приватните факултети во Мостар се одземени документи и сомнителни студентски досиеја

Припадниците на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА) вршат претрес во неколку приватни високообразовни установи во областа на Мостар, поради сомнение дека издавале фалсификувани дипломи, пренесуваат босанските медиуми.

Акцијата „Кластер“ се спроведува по налог на судот на БиХ, а од приватните факултети во Мостар се одземени документи и сомнителни студентски досиеја, соопшти СИПА.

Станува збор за продолжение на акцијата која во повеќе наврати низ БиХ беше спроведена во минатата година.

По завршувањето на истражните активности, одземената документација во законска постапка ќе биде доставена до Обвинителството на БиХ.

Привременото одземање на документација се врши поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Организиран криминал“, „Недозволена трговија“ и „Перење пари“ пропишани со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина, како и кривични дела од кривичните закони на Република Српска, Федерацијата Босна и Херцеговина и округот Брчко, и тоа „Поттикнување“, „Злоупотреба на положба или овластување“, „Фалсификување или уништување службена исправа“ и „Фалсификување службена исправа“.

„Имајќи предвид дека активностите се во тек, јавноста подоцна ќе биде информирана за крајниот исход“, соопшти СИПА за босанските медиуми.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бугарија оди на шести избори за три години

Бугарија оди на шести избори за три години

Бугарија се подготвува за уште едни општи избори, шести од април 2021 година, откако популистичката …