Кафе бар „Номад“ извести дека од утре (17 март) па до крајот на неделава, нивните вработени ќе се стават во служба на докторите, медицинските сестри и сите вработени во администрацијата на Државна болница.
„Ќе бидеме на нашата локација кај Хематологија и ќе можете да дојдете да се освежите со нашите сокови или да земете кафе како би можече будно да се вратите на вашите обврски. Сето тоа е на наша сметка,“ велат од „Номад“.
Оваа акција на „Номад“ беше поздравена на социјалните мрежи, и добро е кога би имале уште поголем број на општествено одговорни компании, кои во овие моменти ќе му олеснат на системот за полесно справување со корона вирусот.
Извор: МЕТА