Нотификација од делегацијата на ЕУ во нашата држава до Министерството за надворешни работи

Нотификација од делегацијата на ЕУ во нашата држава до Министерството за надворешни работи

Делегацијата на Европската Унија во нашата држава достави до Министерството за надворешни работи нотификација со која се информира дека Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска (Обединето Кралство) нема да биде држава членка на Европската Унија и на Европската заедница за атомска енергија (Евроатом), сметано од 1 февруари 2020 година, во согласност со Договорот за повлекување меѓу Обединетото Кралство и Европската Унија.

Во нотификацијата понатаму се наведува дека со Договорот се предвидува преоден период, временски ограничен до 31 декември 2020 година, во текот на кој правото на Унијата ќе биде применливо за и во Обединетото Кралство. Правото на Унијата, согласно Договорот, ги опфаќа и сите важечки меѓународни договори и меѓународни документи на Европската Унија.

Владата информира дека согласно оваа нотификација на Делегацијата на Европската Унија, ќе го смета Обединетото Кралство како држава членка на Европската Унија (и на Евроатом) во однос на важечките билатерални и мултилатерални меѓународни договори склучени меѓу нашата земја и Европската Унија.

Согласно гореспоменатото, важечките билатерални и мултилатерални договори меѓу нашата држава и ЕУ ќе продолжат да важат и да се применуваат и во билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство за време на преодниот период, кој е предвиден да трае до 31 декември 2020 година.

Меѓу поважните меѓународни договори, чија примена ќе продолжи во билатералните односи до истекот на транзицискиот период, е Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Ова конкретно значи дека трговските и економските односи ќе продолжат да се одвиваат согласно одредбите на оваа Спогодба во преодниот период. Во овој период не се воведуваат нови обврски или правила за економските субјекти од Северна Македонија или Обединетото Кралство.

Прочитајте повеќе

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и …