Нов масакр во Србија: Осум мртви во пукање кај Младеновац

Нов масакр во Србија: Осум мртви во пукање кај Младеновац

Повторна трагедија во само два дена: осум луѓе се убиени, повеќе од десет се повредени во пукање кај Младеновац. Се врши потрага по 21 годишниот напаѓач.

Напаѓачот пукал со автоматско оружје во група луѓе и убил осум од нив, додека најмалку 13 се ранети во село Дубоња кај Младеновац, 50 километри југоисточно од Белград, како што пренесуваат медиумите во Србија, повикувајќи се на извори од полицијата.

Осомничениот потоа побегнал од местото на злосторството, а полицијата води масовна потрага и веќе, како што се пренесува, открила каде се наоѓа. Голем број полициски сили го имаат опколено 21-годишниот напаѓач, операцијата е уште во тек, било наведено во соопштението.

Дубоња, Младеновац Србија
Силни полициски сили во потрага по напаѓачот

Сведоци за медиумите во Србија изјавиле дека било пукано додека седеле на клупи во центарот на селото, а извршителот пукал на нив од автомобил. Според непотврдени информации, меѓу жртвите се и еден полицаец и неговата сестра. Засега не е познат мотивот на напаѓачот.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ го посетил местото на нападот синоќа и настанот го опишал како „терористички акт“, но не изнесол натамошни детали.

Дубоња Младеновац Србија
Потрага по напаѓачот кај Младеновац

Најновиот масакр се случува само еден ден по трагедијата која ја потресе цела Србија– во средата на 3 мај во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ тринаесетгодишен ученик со огнено оружје уби осум свои соученици и чуварот на училиштето, по што беше приведен од полицијата.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Ковачевски: СДСМ е силна партија, стожер на демократијата во државата

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, во синоќешното интервју во „Тема на денот“ …