Нова вештачка трева на полетувалиштето на Мечкин Камен

Нова вештачка трева на полетувалиштето на Мечкин Камен

Општина Крушево ќе постави двојно поголема вештачка трева, во споредба со постоечката на полетувалиштето на Мечкин Камен. Со оваа активност ќе се замени старата трева поставена во 2018 година и ќе се подобрат условите за параглајдинг. Полетувалиштето ќе се оспособи за одржување на поголеми првенства, се подигнува квалитетот и безбедноста на полетувалиштето, што беше дел од барањата на учесниците на Светски и Европски првенства кои се одржуваат во Крушево.

Проектот чини околу 4 милиони денари, а средствата се обезбедени преку програмата за финансирање на проекти за развој на планските региони, потпрограма ОА Рамномерен регионален развој во 2020 година, со одлука на Владата од 10-ти февруари.На овој проект општина Крушево аплицираше заедно со општина Могила за целосниот проект да чини 8 396 467 ден.

Покрај овој проект, локалната самоуправа обезбеди и 4 милиони денари за изградба на објект на полетувалиштето.

Откако во во 2019 беше домаќин на Светското првенство во параглајдинг, во 2021 година Крушево го очекува организирање на Светско првенство во змејарство.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …