Нови 30 лица заболени од корона вирус, досега вкупно 384 заразени

Нови 30 лица заболени од корона вирус, досега вкупно 384 заразени

Министерството за здравство информираше дека се потврдени 30 нови случаи позитивни на Ковид-19 во изминативе 24 часа. По градови, најмногу случаи се регистирани во Скопје – вкупно 12, по што следуваат Прилеп со 9, Куманово со 8 и Крива Паланка со 1 дијагностициран случај.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти заклучно со денешниот ден се искачи на 384 лица. Според местото на живеење, најмногу случаи со корона вирус се регистрирани во Скопје – вкупно 195. Во Куманово има 62 дијагностицирани пациенти, Дебар 47, Прилеп 21, Штип 15, Тетово 13, Струга 9, Велес 6, Битола 4 и Охрид 3. По два случаи на заболени од корона вирусот има во Кавадарци, Гевгелија и Крива Паланка, додека по еден пациент со КОВИД-19 е потврден во Гостивар, Струмица и Кочани.

Во изминатото деноноќие биле направени 342 теста преку Институтот за јавно здравје, Ветеринарниот факултет, Авицена, Биотек и Жан Митрев. Досега се направени вкупно 4.117 тестирања на Ковид-19, соопштуваат од Министерството за здравство.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …