ПРООДНИ СИТЕ ПАТИШТА ВО ОПШТИНА БИТОЛА

По наврнатите 55 сантиметри снег во текот на вчерашниот ден и раните утрински часови, екипите на битолските јавни претпријатија, коориднирани од КЈП „Нискоградба“, постојано делуваат на терен:

  • Сите улици од прв и втор приоритет се исчистени, во тек е чистење на споредните улици, или на одредени улици по барања на граѓаните.
    • КЈП „Нискоградба“ ги исчисти патиштата на територијата на поранешните општини Кукуречани, Бистрица и Цапари.
    • Пристапите до здравствените институции постојано се одржуваат чисти и проодни
    • Синоќа се исчисти и патот до Хотел Молика
  • ЈП „Комуналец“ во рамките на надлежностите ги чисти пешачките патеки и тротоари според програмата за работа.
    • Чистењето на снегот продолжува во централното градско јадро и булеварите
    • На местата каде што имаше паднати гранки и дрвја, најголемот дел се отстранети, а постапено е на 10-тина места по реакција на граѓаните.
    • Пријавените проблеми од граѓани за улично осветлување се регулираат, најголемиот дел од нив беа санирани синоќа, а останатите денес.
  • Екипите на ЈКП „Водовод“, покрај редовното одржување на патот до нивните објекти, со своја механизацијата и дел од вработените, се вклучија во чистењето на улиците.
  • ЈП Паркинзи од раните утрински часови со механизација ги исчисти паркинг просторите во градот.

Прочитајте повеќе

Дневната евтина струја се враќа утре за околу 200.000 домаќинства

Од утре од 13 до 15 часот домаќинствата ќе имаат на располагање и плаќаат дневна …