Новинарите кон Поповски и Селмани: Лицемерни сте, постојано сме под закани

Новинарите кон Поповски и Селмани: Лицемерни сте, постојано сме под закани

Новинарот Един Хајдерпашиќ по завршување на прес конференцијата која се одржа по повод меѓународниот ден на слободата на печатот го запраша претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани на која страна е всушност тој, дали ги брани правата на медиумските работници или пак ја поддржува политиката на сите влади досега која според него се коси со правата на новинарите и медиумите во известувањето.

-Насер, на која страна си ти, за чии права се бориш? Лицемерни сте, седите тука во машни и костуми, додека новинарите се под закани, уцени и истраги. Велите дека работите на подобрување, но всушност не преземате ништо во врска со тоа, новинарите работат за плата помала од 300 евра – рече Хајдерпашиќ по што доби краток одговор од Селмани во прашална форма – очекувате ли јас да ви дадам плата?

Медиумските работници прашањето за ниските плати го упатија и до министерот за транспарентност и отчетност, Роберт Поповски, чиј одговор беше дека нема магично стапче за зголемување на платите, а и не може да ги натера со сила сопствениците на медиумите да го направат тоа.

-Немаме магично стапче, работиме на зголемување на платата на сите граѓани во државата не само на новинарите. Ќе ги повикаме сопствениците на медиумите на дискусија за да изнајдеме заедничко решение – рече Поповски.

Денешната дебата се одржа по повод меѓународниот ден за слобода на печатот. Претходно на прес конференција покрај Селмани и Поповски се обратија и в.д. шефот на одделот за политички прашања, информации и комуникации од ЕУ, Лукаш Холуб и шефот на политичко-економската канцеларија при Амбасадата на САД, Дејвид Стивенсон.

А1он

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …