Новиот состав на Владата денеска и утре пред пратениците во Собранието

Новиот состав на Владата денеска и утре пред пратениците во Собранието

Новиот состав на Владата, предложен од мандатарот Димитар Ковачевски, денеска и утре ќе се разгледува од пратениците во Собранието. Ковачевски на списокот за новиот владин кабинет има 21 министер, од кои на СДСМ и коалицијатата се 12, на ДУИ шест, а на Алтернатива тројца министри.

Седницата започнува денеска во 11 часот, може да трае најмногу до утре на полноќ, а за избор на новиот владин состав треба да гласаат најмалку 61 пратеник.

Предлог за нов министрер за одбрана е Славјанка Петровска (СДСМ), на чело на Министерството за внатрешни работи останува Оливер Спасовски (СДСМ), а нов министер за правда е предложен Никола Тупанчевски (СДСМ). Во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците останува Артан Груби (ДУИ), во финансии Фатмир Бесими (ДУИ), а во економија Крешник Бектеши (ДУИ). Министер за надворешни работи е предложен Бујар Османи (ДУИ), а за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство се враќа Љупчо Николовски (СДСМ). Беким Сали од Алтернатива е предложен за Министерството за здравство, Јетон Шаќири (ДУИ) за Министерството за образование и наука, а Јована Тренчевска (СДСМ) за Министерството за труд и социјална политика.

Бисера Костадиновска Стојчевска (СДСМ) е предлог за нов минитсер за култура. Во Министерството за локална самоуправа останува Горан Милевски од коалицијата на СДСМ, во Министерството за животна средина и просторно планирање предлог е досегашниот министер Насер Нуредини (ДУИ), Адмирим Алити од Алтернатива ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, а Џемаил Чупи од истата партија е предложен за министер без ресор задолжен за дијаспората.

Во Владата влегуваат и Бојан Маричиќ (СДСМ) како вицепремиер за европски прашања, Славица Грковска (СДСМ) која треба да биде вицепремиер за борба против коруција и криминал и досегашниот вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи (СДСМ).

Предлог-составот и Предлог-програмата за работа на новата влада, мандаторот Ковачевски, на претседателот на Собранието, Талат Џафери, му ги достави во вторникот. Главните политики на кои ќе работи новиот кабинет, според Предлог-програмата се забрзаниот и одржлив економски раст со подобар животен стандард, социјалната инклузивност и развој на човечкиот капитал, владеењето на правото и добро управување, унапредувањето на демократијата и слободата и интеграции те во НАТО и ЕУ.

Новиот кабинет на предлог на Ковачевски ќе има еден член повеќе,  министер без ресор за дијаспора, што ќе го раководи Алтернатива. Актуелниот премиер Зоран Заев нема да биде дел од новата Влада, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерката за култура Ирена Стефоска.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …