НОВО ДЕЗИНФИЦИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

НОВО ДЕЗИНФИЦИРАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

На предлог на Општински кризен штаб, денеска се изврши масовно дезинфицирање на јавните површини во градот, кое започна во 7 часот изутрина.

Координатор на акцијата беше ЈП „Комуналец“, а во акцијата се вклучија и ЈКП „Водовод“, КЈП „Нискоградба“, ЈП „Паркинзи“, Територијалната противпожарна служба, екипи на ЕСМ-РЕК Битола, ЈП „Стрежево“, приватните компании „Зимак“, „Стентон градба“, ЗИК „Пелагонија“ како и волонтери од руралните средини.

Во акцијата беа ангажирани 5 цистерни, 22 трактори, 1 метларка, 50 рачни пумпи и останати возила за логистика.

Според претходно подготвениот оперативен план, градот беше поделен на 27 реони, во кои делуваа цистерните и тракторите. Посебен акцент е ставен на Широк сокак и дворот од Градската болница, каде работеше метларката пропратена со рачно прскање. Рачните пумпи се користеа за урбаната опрема – клупи, детски и спортски реквизити, корпи за отпадоци и патеките до влезовите на зградите за колективно домување.

Тракторите кои дојдоа од руралните средини, по завршувањето на акцијата во градот, продолжија со дезинфекција во руралните средини од каде доаѓаат.

Се предвидува акцијата да продолжи во текот на наредните денови.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …