Обединетите Нации бараат да се ограничи употребата на технологијата во училиштата

Обединетите Нации бараат да се ограничи употребата на технологијата во училиштата

Барањето за забрана на паметни телефони треба да испрати порака дека технологијата, вклучително и вештачката интелигенција, секогаш треба да биде подложна на „човечко-центрирана визија“ за образование и никогаш не треба ја заменува личната интеракцијата со наставниците

Во новиот извештај на Обединетите Нации, се препорачува да се забранат паметните телефони во училиштата, за да се подобри учењето и да се заштитат децата од сајбер малтретирање, пренесува Гардиен.

УНЕСКО, агенцијата за образование, наука и култура на ОН, тврди дека прекумереното користење телефони е поврзано со намален образовен успех и негативно влијае на менталното здравје.

Барањето за забрана на паметни телефони треба да испрати порака дека технологијата, вклучително и вештачката интелигенција, секогаш треба да биде подложна на „човечко-центрирана визија“ за образование и никогаш не треба ја заменува личната интеракцијата со наставниците.

Сè повеќе учењето се движи на интернет, особено на универзитетите, и во извештајот се повикува креаторите на политиките да не ја занемаруваат „социјалната димензија“ на образованието каде што студентите учат во предавалници.

„Дигиталната револуција има неизмерен потенцијал, но, како што беа искажани предупредувања за регулирање во општеството, слично внимание мора да се посвети на начинот на кој таа се користи во образованието“, кажа генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулеј.

УНЕСКО во извештајот вели дека земјите треба да имаат јасни цели и принципи за да се осигураат дека дигиталната технологија во образованието е корисна и намалува штета на здравјето на ученици.

Иако технологијата потенцијално може да овозможи можности за учење за милиони луѓе, придобивките се нееднакво распространети бидејќи многу посиромашни луѓе низ светот се изоставени. Дигиталната образовна инфраструктура е скапа, а нејзините еколошки штети често се потценети.

Покрај тоа, велат дека има малку истражувања за да се докаже вредноста што ја додава технологијата во образованието и дека голем дел од од истражувањата се  финансирани од приватни образовни компании, кои се обидуваа да продаваат технолошки производи. Ваквите истражувања ги сметаат за загрижувачки поради влијанијата во образовните системи.

Врз основа на анализа на 200 образовни системи ширум светот, УНЕСКО проценува дека една од шест земји ги забранува смарт телефоните на училиште, или преку закон или ограничувања како Франција, која ја воведе политиката во 2018 година, и Холандија, која ќе донесе ограничувања од 2024 година.

Од 1 септември и кај нас ќе биде забрането да се користат смартфони додека трае наставата.

ХОЛАНДИЈА ВОВЕДУВА ЗАБРАНА ЗА КОРИСТЕЊЕ СМАРТФОНИ ВО УЧИЛИШТАТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …