ковид

Обезбедени 187 единици конвалесцентна плазма, околу 170 третирани со крвна плазма

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 98 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донор, соопштуваат од Министерството за здравство.

Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170  пациенти со Ковид-19.

„Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со корона вирусот. Да им помогнеме на лицата кои во моментов се борат со корона вирусот – да донираме ковалесцентна крвна плазма, апелира Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

„Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19“, велат од ова министерство.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да донираат ковалесцентна плазма и да помогнат во борбата против Ковид-19, можат да го пополнат следниов Формулар: http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d0%b1%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b5-covid-19-%d0%b4%d0%b0%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%98-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b7%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d0%b0%d1%81%d0%b8/

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …