Поднесени три кандидатури за изборите во Штип, ВМРО-ДПМНЕ до последен момент ќе одлучува

Поднесени три кандидатури за изборите во Штип, ВМРО-ДПМНЕ до последен момент ќе одлучува

Утре на нов состанок на Извршниот комитет како највисоко партиско тело, ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува дали ќе настапи на Вонредните локални избори за градоначалник на Штип и евентуално со кој кандадат ќе настапи. Ова денеска го брифираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а попладнето го потврди и лидерот Христијан Мицкоски.

Во меѓувреме, во текот на вчерашниот и денешниот ден се поднесени дури три кандидатури за градоначалник на Штип. Покрај независната кандидатура на Трајче Митев, кој собираше потписи, поднесена е кандидатурата на д-р Сашко Николов од СДСМ, актуелен пратеник и на Лазар Наумов од партијата ТМРО. Наумов работи во осигурителниот бизнис, но е попознат како музичар од групата „Бумбари“.

Иако имаше некои најави, партијата Левица нема да понуди свој кандидат. Утре на седницата на Президиумот се очекува и официјална потврда на партискиот став. Универзитетскиот професор Трајче Стојанов ни потврди дека ја одбил понудата да биде кандидат за градоначалник на Штип на Вонредните локални избори.

До утре, кога е крајниот рок, останува да се види дали уште некоја партија ќе понуди свој кандидат, но и да се дочека ставот на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ги бојкотира изборите во Штип и Пласница, откако побара одлагање на изборите поради високата бројка на заболени од ковид-19.  

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …