Обвинител извршил увид во станот во кој Беличанец беше пронајдена мртва

Обвинител извршил увид во станот во кој Беличанец беше пронајдена мртва

Од Јавното обвинителство денеска информираат дека дежурен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и со лекари по судска медицина синоќа извршиле увид на лице место во станот во Скопје, каде беше пронајдено починато едно женско лице. Станува збор за станот во кој беше пронајдено безживотното тело на актерката и поранешна градоначалничка на скопската општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ.

Во соопштението од обвинителството, се наведува дека телото на починатата е предадено за обдукција, а јавниот обвинител издал и наредба за вештачење на трагите подигнати и обезбедени на лице место.

Претходно полицијата во дневниот билтен соопшти дека на 06.04.2019 година, околу 22.30 часот во полициската станица Центар С.М. пријавил дека “во неговиот стан ја пронашол неговата сопруга Б.Б.А. (45) од Скопје, која си го одзела животот”.

Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје. Таа беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017 година.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …