Обвинителството ќе казнува оправдувања за воените злосторства во Украина објавени на социјалните мрежи

Обвинителството ќе казнува оправдувања за воените злосторства во Украина објавени на социјалните мрежи

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информира дека било какво одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства поврзани со случувањата во Украина што ќе биде промовирано на социјалните медиуми е кривично дело, за што ќе биде преземен кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело според членот 407-а од Кривичниот законик.

Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми и апелираат до сите граѓани кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на е-адресата cybercrime@moi.gov.mk за соодветно постапување.

Прочитајте повеќе

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Од Град Скопје ги повикуваат надлежните да постапат во најкус можен рок, бидејќи „се доведува …