Обвинителството оформи предмет за грантовите на Фондот за иновации

Обвинителството оформи предмет за грантовите на Фондот за иновации

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој.

Како што соопштија од Обвинителството, се преземаат дејствија за истражување евентуални кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на третиот столб од Планот за економски раст – прв инвестициски бран.​

Во голем број медиуми на крајот на минатата седмица и викендов се појавија текстови за проневери на 10,5 милиони евра од Фондот за иновации, кои наводно завршувале кај партиски донатори и функционери.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …