Обвинителството отвори предмет за болничка смрт на двајца пациенти во прилепската болница

Обвинителството отвори предмет за болничка смрт на двајца пациенти во прилепската болница

Дали има кривична одговорност кај вработените за смртта на пациенти кои се лекуваа во прилепската болница, ќе проверува Основното јавно обвинителство, кое оформи предмет за овие случаи. ОЈО ја побара целокупната документација за 48 годишна пациентка и за уште едно машко лице,  кои по извршени оперативни зафати во болницата, добиле интрахоспитална бактерија од која починале. Исто така, прилепското  обвинителство ја проверува  информацијата за 30 годишен пациент на Одделот за неврологија, кој десетина дена бил лекуван со погрешна терапија, по што ќе биде донесена јавнообинителска одлука.

  • Со цел да ги провери овие информации и евентуална кривична одговорност, надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Општа болница Прилеп. Издадена е и наредба до МВР да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите, се наведува во информацијата од ЈОРМ

Сите операциони сали во болницата во Прилеп се затворени и пријавена  е интрахоспитална инфекција, откако кај пациентката била изолирана бактеријата Staphylococcus epidermidis, потврдуваат од ДЗСИ. Како што информираат од болницата, веднаш и’ била дадена соодветна терапија, но состојбата и’ се влошила, по што е префрлена на лекување на Клиниките во Скопје, каде починала. Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница.

  • Земени се примероци од нежива средина и од  здравствен персонал, извршени се вонредни здравствено-хигиенски прегледи, по што е препорачано затворање на операционите сали. Од земениот примерок за хемокултура добиен е позитивен изолат на Staphylococcus epidermidis. Пријавена е интрахоспитална инфекција , информираат од ДЗСИ.

Телото на пациентката е предадено на обдукција  и се чека наодот, дали бактеријата е причина за смртта.   Исто така се чекаат резултатите од земените брисови во операционите сали и кај медицинскиот персонал во Болницата.

Извор: ТВ Телма

Прочитајте повеќе

Официјална Софија по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат

Официјална Софија по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат

Бугарија не прифаќа изјави и однесување кои се во спротивност, како со Договорот за пријателство, …