Од 1 јануари поголем капитационен бод за матичните лекари

Од 1 јануари поголем капитационен бод за матичните лекари

Од 1 јануари ќе се зголеми вредноста на капитациониот бод за избраните лекари по општа медицина и гинекологија од 63 на 75 денари, а за избраните лекари стоматолози, капитациониот бод се зголемува од 48 на 61 денар по осигурено лице. Ова го соопштија попладнево од Фондот за здравствено осигурување. Одлуката доаѓа после разговорите и преговорите со претставници на Лекарската комора и на Стоматолошката комора, а целта е повисоко да се вреднува трудот на избраните лекари и да се зголеми квалитетот на пружените здравствени услуги на осигурените лица.

„Заложбите на Фондот се во насока на унапредување на статусот на избраните лекари  во примарната здравствена заштита и потребата од нивно поголемо ангажирање во спроведувањето на претстојните реформи во приватната здравствена заштита“, велат во Фондот.

Затоа, додаваат оттаму, зголемувањето на капитациониот бод ќе поттикне пружање повеќе здравствени услуги на примарно ниво, а со тоа намалување на бројот на упатувања на повисоко ниво на здравствена заштита.

„Зголемувањето ќе поттикне и обезбеди подобрување на превенцијата со навремено откривање, спречување и сузбивање на незаразни заболувања кај населението во нашата држава“, наведуваат оттаму.

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …