Од 14 јануари, четврток, Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани

Од 14 јануари, четврток, Србија го укинува задолжителниот ПЦР тест за влез во земјата за македонски граѓани

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ.

За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година.

Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.

Прочитајте повеќе

Собраниско финале за Буџетот за 2026

Собраниско финале за Буџетот за 2026

2,8 милијарди евра за плати и пензии, 654 милиони евра за капитални инвестиции, 1,7 милијарди …